ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

75 години од постоењето на Градската библиотека – конкурс за роднокрајна поезија

596

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп по повод 75-годишнината од постоењето ќе го поддржува творештвото, креативноста и ќе ја збогатува роднокрајната поставка. Во тек е КОНКУРС за избор на најдобри песни.

Сите вљубеници во поезијата можат да учествуваат на Конкурсот со почитување на утврдените критериуми на стручната комисија:

1) Творбите да бидат авторски/оригинални и не објавени досега.

2) Должината на творбата да биде до 40 стихови.

3) Творбата да биде испратена во електронска форма, потпишана со име и презиме на авторот, работена во Word, Times New Roman, фонт 12, кирилична поддршка.

4) Секој автор има право на учество со најмногу две свои творби.

5) Темата и мотивите се слободен избор на авторот.

* Творбите треба да бидат испратени најдоцна до 10.12.2020 на овој мејл: [email protected]

Стручна комисија ќе ги разгледа песните и ќе изврши избор на најдобрите песни, кои што веднаш потоа ќе бидат публикувани во „Зборник на песни од прилепски автори“.

ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“- Прилеп, со публикување на овој Зборник ги изразува своите заложби, за поттикнување и поддршка на роднокрајното творештво и збогатување на поставката.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: