ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

18 МЕДАЛИ ЗА ЏУДИСТИТЕ НА СЕИШИН- ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ

1.076

ЏУДИСТИТЕ НА СЕИШИН ПОВТОРНО МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ ВО СВОИТЕ КАТЕГОРИИ
Џудо клубот Сеишин од Прилеп со 18 натпреварувачи зеде учество на државното првенство во сениорска и пионерска конкуренција кое се одржа во Скопје.Во повеќе тежински категории прилепскиот клуб освои четири први места , седум втори и трети места.Во своите категории до 32 , 52, 55 и 48 килограми Седаин Рустемоски , Теа Настеска , Теодора Тасеска и Теодора Димеска го освоија златото , сребрени беа Андреј Сотироски , Димитри Џокоски ,Ивана Стеваноска , Валентин Димитриоски, Јован Најдоски , Марио Цинцароски и Александра Најдоска, а третото место им припадна на Борис Џагадуроски , Даријан Мицкоски , Теона Настоска , Марио Тошески , Никола Магдески и Михаил Конески и Вероника Белушанец.

Ова е одличен успех на членовите на Сеишин ако се знае дека традиционално на овие натпреварувања прилепскиот клуб настапува со плеада на многу талентирани џудисти чија иднина допрва доаѓа.Од клубот истакнуваат дека со исто темпо продолжуваат и во наредниот период каде очекуваат уште поголем прилив на медали од турнирите на домашна и меѓународна сцена.

Пишутва: Никола Димоски

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе