7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Трагедија во Прилеп: Во сообраќајка загинаа тројца лекари (ВИДЕО)

Во сообраќајната несреќа утрово, загинаа лекарите: Примариус  д-р,   Александар Ристески, радиолог, Фанче Јованоска, радиолошки технолог и  д-р Никола Василески, специјалист гинеколог акушер, лекари од Прилеп  од тимот лекари кои патувале на своето работно место во  Битола.

Лекарите  биле работно ангажирани и во  ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп “ Борка Талески“ -Прилеп,  во која утре ќе се одржи комеморација.

Веста од МВР  официјално е потврдена:

Утрово во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Н.В. од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво” со скопски регистарски ознаки управувано од 51-годишниот Г.Р. од Битола.

Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп. Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп.

Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај село Лагово е затворен за сообраќај во двата правца.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Пронајдено одземено моторно возило, приведен прилепчанец 

Гордана Цветаноска

Зачестуваат физичките напади врз жени и пријавите во полиција за вакви случаи

Гордана Цветаноска

Двајца фатени во кражба во фабрика

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе