25.7 C
Прилеп
петок, 19 јуни, 2026
Пела Радио

Вечерва во прилепската библиотека ќе бидат наградени најдобрите

Вечерва од 19.00 часот, градската билиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде местото каде ќе се соберат најдобрите млади рецитатори, млади книжевни таленти  и  талентирани краснописци од општинските натпревари за учениците од средните и основните училишта во Општина Прилеп.
Во рамки на овие натрпевари што традиционално се одржуваат во библиотеката, на менторите и на учениците ќе им бидат врачени дипломи за постигнатите резултати, а децата ќе добијат и избор книги како и пакетче производи од богатиот асортиман на „Витаминка“ како подарок од компанијата.
Oва е прв официјален настан, по именувањето на Андриана Ристеска за директор на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп.
Фото: ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“-Прилеп.

Би можело да ве интересира

Николоски најави целосно автопатско поврзување на главниот град со Пелагонија – oд Скопје до Прилеп за час и 10 минути

Божиновски: Сите прилепчани треба да одат во музеј да го видат најстариот надземен храм (ВИДЕО)

Пела Редакција

100 години од раѓањето на Тодорка Кондова Зафировска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе