8.9 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Општина Долнени ја оцени “Маѓепсан круг“како ретко убава и едукативна претстава против трговија со луѓе

Жителите на Општина Долнени, денеска, имаа можност да ја погледнат претставата “Маѓепсан круг“ во изведба на “Слободно театарче“ при драмската секција на СОУ “Ѓорче Петров„ како дел од иницијативата на Радио Пела “ Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг“  Претставата се одржа во просториите на општинското основно училиште “Али Фетхи Окјар“ – с. Дебреште, а публиката од наставници, ученици, родители, преставници од локалната самоуправа и локалното население оваа “обична“ и навидум сосем “навина“ претстава,  ја оценија како ретко убава, корисна и едукативна,  која темелно влијае на подигање на свеста за борба против трговија со луѓе и спречување на предвремените детски бракови.

Секоја сцена делуваше впечатливо и беше наградена од публика со аплауз, а на крајот од претставата актерите беа опкружени и со публиката, која им честита за нивната беспрекорна изведба. Ова беше одлична можност, на попристапен начин, да се охрабрат жителите од локалната заедницата за да делуваат во препознавање, откривање и алармирање при појавата на принудните детски бракови во нивината заедница.

  

Инаку, претставата сочинува четири одвоени приказни за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на ова појава.  Таа има за цел подигање на свеста кај локалната заедница за опасностите од трговија со деца за присилни бракови и е веќе емитувана пред пуликата на Општина Прилеп и Општина Крушево.

Театарската престава, на која и преходеше радио драма со истиот наслов “Маѓепсан круг“ е дел од иницијативата на Радио Пела “Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг ,како дел од поголема иницијатива за подигање на јавната свест за принудните детски бракови.

Иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ е поддржана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Ставовите изразени во оваа активност на ниту еден начин не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската Унија или на Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

Бадникови поворки Прилеп, над 200 дечиња кои носат радост

Пела Редакција

ОТВОРЕНА ДЕБАТА ВО СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Гордана Цветаноска

Нов медиумски центар за збогатување на ИТ просторот и на граѓанските гласови

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе