27.1 C
Прилеп
недела, 21 јуни, 2026
Пела Радио

(видео+фото) Радост донесоа и го најавија Христовото раѓање – Бадниковите поворки во Прилеп со над 300 дечиња

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце“  на Бадниковата поворка учествуваа повеќе од 300 дечиња, што е најголема бројка на деца кои учествувале на поворките во Прилеп кои годинава се организираат по 15 ти пат.

 Поворката започна од Камената бина каде што беше поставена Божиќната пештера па продолжи кон параклисот на Св.Никола, низ старата чаршија, потоа кон плоштадот, кон НУЦК Марко Цепенков и повторно децата се вратија на камената бина каде ги отпеаа песничките „Вечниот Бог”, „Тропар на Рожденство Христово” и „Кондак на Рождество Христово”. Дечињата беа пречекани од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески кој симболично ги даруваше дечињата од поворката.

Децата во поворките ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање, а ѕвездичките што радосно ги веат над своите озарени лица се предвесник на раѓањето

Би можело да ве интересира

Витаминка донираше компјутери во СОУ„Ристе Ристески Ричко“ Прилеп

Понеделник без струја во одреден период од денот ќе останат жители од неколку прилепски улици

Групата Ван Гог, Амадеус Бенд, Суперхикс… се само дел од музичките ѕвезди кои ќе настапат на „Prilep Beer Weekend“ од 9 до 11 август

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе