Бурна дебата на советниците на 57 седница на Советото на Општина Прилеп, која траеше повеќе од 8 час. На дневен ред беа 30-тина точки , меѓу кои годишните сметки на Општина Прилеп, извештај на Општина Прилеп за 2024 година, одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2025 годин, годишните сметки на јавните комунални претпријатија и извештајите за нивните работења, годишните сметки на училишта, на градинката “Наша иднина“…
Сето тоа беше тема на повеќечасовни дискусии на советниците.
Седницата започна со тешкотии и одлагање за усвоување на дневниот ред, со повеќе паузи за консултација на советниците и со не сложување на опозицијата со обемот на дневениот ред, текот на денвниот ред и работењето на локалната власт, барајќи одговорност од локалната власт Прилеп за она што е сработено. Од говорництата, опозицијата ги критикуваше лоши кадровкси решенија и менаџирања на локалната самоуправа , на јавните комунални претпријатија, проектите и нивната (не) реализација .
„Општина Прилеп во 2024 година, според завршната сметка, потрошила 26, 2 милиони евра. Да зборуваме за тоа што е срабтено за овие средства „, рече, советникот од СДСМ, Александар Китаноски кои најечсто говореше на говорницата критикувајќи го работењето на власта и барајќи поголема одговорност, отчетност и транспаретност на локалната власт и јавните комунални претпријатија
„Над 100 илијади мерки квадратни, над 17 km асфалт беа дел од инфраструктурното реконструирање и асфалтирање на прилепепските улици кое гледам, како тема ви служи за потсмев.„ рече советникот и координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Петкоски и наброи дел од улиците кои се асфатлтирани и рконструирни со средствата од минатогодишниот буџет. “Улиците: “Ѓорче Петров, Пчиња, Ѓорѓи Сугарев, ,Цар Самоил,,Митко Цветаноски, ,,Кирил и Методиј“, Нада Ламеска„ Ладо Лапецот ,„Круме Волнароски“, ул.„Јоска Јорданоски“ , ул. „Андон Слабејко„, „Киро Пајмакоски“ итн“ …истакна тој од говорницитата, набројувајќи ги улиците кои биле опфатени со реконструкцијата.
“Минатата 2024 година Општина Прилеп ги субвенционираше јавните претпријатија со 1,2 милиони евра. Ако на тоа се додадат загубите во висина од 1 милион евра, кои истите тие претпријатија ги направија само за една година, тогаш доаѓаме до констатација дека лани Општина Прилеп „потрошила“ една нова градинка од 2,2 милиони евра“– рече советнкот Никола Мариноски од СДСМ
Советниците дискутираа за проектите кои се реалаизирани за време на тригодишното работење на локалната власт, повразано со инфраструктура , изградба на кружниот тек, спортските објкти, за спротот и неговото финасирање, за катната гаража, изградба на фабриката за селекција на отпад, објектот “Бајка“ на детската градинка Наша Иднина, за состојбата во кои се наоѓаат јкп, да на крајот од осумчасовна дискусија со мнозинство на гласови беа усвоени предвидените точки од дневниот ред.