23.4 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Kандидатот за градоначалник на Долнени од ВМРО ДПМНЕ, Вељаноски најави обнова на локалните патишта

Денеска во посета на општина Долнени беше директорот на ЈПДП Коце Трајановски, кој нагласи дека Општина Долнени во иднина ја очекува инфраструктурен бум.

„Тука сме да кажеме дека општината Долнени навистина заслужува едно поголемо внимание од страна на централната власт, со оглед на тоа што патот од Ропотово, преку Секирци, Костинци до Црнилиште е во надлежност на Државни патишта, на ЈПДП и ние ќе го ставиме во планот за следниот период, следната година да почне проширувањето на овој регионален пат, кој ги поврзува овие населени места, а кои се од исклучително значење за општина Долнени, рече Коце Трајановски, директор на ЈПДП.

Тој нагласи дека овие активности ги им и во изборната програма за општина Долнени на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Сашо Вељаноски , од кои се очекува многу проекти  да ги подобриме условите за живеење на општината Долнени.

„ Патот од Ропотово до населеното место Црнилиште, кој во моментот е 3.5 метра широк, во наредниот период ќе биде проширен на 5 метра широчина. Тие 12 километри поврзуваат 14 неселени места во општина Долнени, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Долнени од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Вељановски.

Исто така и остнатите  локални патишта кои се дел од неговата изборна програма:

“Локалниот пат Ропотово – Рилево е во катастрофална состојба, земјен и ќе биде асфалтиран,  исто така локалните патишта од Бело Поле – Вранче – Средорек, кои се предвидени во програмата, и најгорливото прашање кое сега во моментот е во општина Долнени, а тоа е патот од Дупјачани за Дреновци, кој исто ќе се реконструира.“рече тој

Би можело да ве интересира

Апасиев од Прилеп: Очекуваме над 80 илјади гласови за 8 до 10 пратеници

Максим Димитриевски од ЗНАМ: ПОМАЛКУ ПРАТЕНИЦИ, ДА НЕМА АПАНАЖА, ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДА ГО ПРЕДЛАГА ОПОЗИЦИЈАТА

Пела Редакција

(ВИДЕО) Ванковска од Прилеп: шокирана сум-неизвесносно е дали воопшто ќе се одржат дебати на претседателските кандидати

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе