23.7 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп интересот на полуматурантите насочен кон економската струка

Како и изминатите две години покрај електронското пријавување, учениците и денеска физички ги доставуваа оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Дека стручното образование е во фокусот на полуматурантите покажува интересот за упис и во  средното економско-правно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп. Првиот уписен рок – електронското пријавување кое заврши на 15 ти јуни оценето е како релативно добро споредено со  изминатите години, според Христина Бозоска-Николоска, директор на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп.

„Во училиштето голем интерес се пројави за економската струка, како што очекувавме, дигиталниот маркетинг, а тука се и правниот техничар, бизнис администратор и секако и продавач, тригодишно кое што е со 30 поени. додека за секторот туризам и угостителство, кој што за вторпат веќе го имаме во нашата понуда на училиштето, исто така имаме пријавени ученици и за нив имаме 45 поени за пријавување. За вториот уписен рок очекуваме да дојдат учениците коишто сеуште ги немаат доставено, се немаат одлучено каде да учат и ги немаат доставено нивните документи. Нашите врати се отворени. И тука сме отворени за соработка и да ви помогнеме да си го одберите животниот пат којшто ќе ви донесе успех,“ посочи Христина Бозоска-Николоска, директор на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп.

Во јуни според Конкурсот на МОН, второто електронско пријавување е на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување, на 20 август.

Би можело да ве интересира

Вечерва во 22:24 частот започнува пролета

Театарскиот фестивал за деца „Силјан штркот“ може да започне!

Пела Редакција

🤾‍♂️РАКОМЕТ: Ако не сте во Битола вечерва-во Прилеп гостува Алкалоид❗

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе