23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Еко акција за почист Прилеп на која поканети се сите граѓани

Општина Прилеп во соработка со ЈКП „Комуналец“ на 15-ти ноември, в сабота, ќе ја организира еко акцијата „Еко мисија, твојот потпис за природата“, чија цел е подигање на јавнат за почитст Прилеп. Акцијата ќе опфати чистење на излетничките меса во околината на Прилеп, локации на јавни површини во градот и надвор од градот и депониите со градежен шут и друг вид отпад.

Ги поканува сите граѓани да се вклучат во оваа акција. Ќе има организиран превоз, во 8,30 мин. пред Центарот за култура “Марко Цепенков“. Потребна е само добра волја, бидјеќи сите кои ќе се вклучат ќе добијат вреќи за собирање отпад и заштитини ракавици“- истакан градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски

Во еко акцијата,  „Еко мисија, твојот потпис за природата“, покрај ЈКП “Коомуналец“ ќе бидат  вклучене  општинската администрација, бизнис секторот со механизација и човечки ресурси,  јавните претпријатија, училиштата, компаниите и граѓаните. Целта е подигање на еколошката свест и заеднички придонес за почиста околина.

“Веќе се утврдени три пункта на кои сметаме дека треба да се посвети поголемо внимание: комплексот „Вештачко езеро“ излетничкото место Селце, кај манасирот Св.Димитрија и населеното место Волково, и она што е во прогрмата за реализација, односно за подготовка на овој простор за изградба на еден нов рекреативен парк во околината на Волково. Понатаму акцијата би опфатилеа чистење на влезовите на градот ул. „Орде Чопела“, од градските гробишта кон влезот во Варош,  ул. „Леце Котески„ кон градот, ул. „Александар Македонски„, до нас.место Ново Лагово. Секако и депониите каде граѓаните одлагаат градежен отпад и мислам дека треба да се исчисти онаму каде излегуваме да се дишиме чист воздух, се со цел да не гледаме отпад при нашите прошетки во природа.“

Во рамките на еко  акцијата ќе бидат вклучени и младите и најмладите од детските градинки, кои в сабота, заедно со нивните воспитувачи и родители ќе помагаат во бојадисувањето на стеблата на дрворедите и дрвата во парковските површини во градот.

Акцијата е планирана да ја подигне свеста кај граѓаните за поголема грижа кон природата.

 

Би можело да ве интересира

Прилеп добива директна комуникација со градоначалникот – Проданоски започнува средби со граѓаните

Пела Редакција

Апел до граѓаните – се бараат доброволци, огнот се доближува до с. Крушевица

Пела Редакција

Мајстор Лало наскоро главен мајстор во Авто Контрол

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе