23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Првото бебе во Новата 2026 година во Прилеп е машко – а градот доби уште два нови члена на прв ден од новата година, машко и девојче

Два часа по полноќ Прилеп го доби првиот жител на градот во новата 2026 година. Првото бебе во Новата 2026 година во Прилеп е машко, а мајката Софија ја доби својата втора рожба, синот Герасим. .

Градoначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски претпладнево го посети одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп и до мајката и бебето упати искрени желби за добро здравје, среќно и безгрижно детство и долг живот сполнет со љубов.  Во знак на внимание и поддршка, тој во името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, на семејството  им подари штедна книшка и пригодни подароци за новиот член.

“Овој убав и симболичен почеток на годината кој ни„ дава дополнителна мотивација и обврска уште повеќе и посветено да работиме на создавање подобри услови за младите семејства и за зголемување на наталитетот во нашата општина. Грижата за новите генерации е инвестиција во иднината на Прилеп и затоа ќе продолжиме со политики и мерки кои ќе го поддржуваат семејството, родителството и квалитетниот живот во нашиот град. Со многу надеж и оптимизам, продолжуваме да градиме подобра сегашност и посигурна иднина за сите наши сограѓани“ истагна, Проданоски.

Бебето и мајката се во одлична здравствена состојба, велат од гинеколошко акушерското одделение при ОБ “Борка Талески“ Прилеп, кои исто така, заедно со опшествено одговорната компнија Автоконтрол и подарија на мајката пригодни подароци.

“Бебето се роди по природен пат, со тежина од 4 кг , долго е 51 см и е во одлична здравствена состојба. Мајката е второротка и е исто така во одлична здравствена состојба. Им посакуваме многу среќа и радосно, весело детство и многу здравје нему и на семјството„ истакна директорот на ЈЗУ ОБ “Борка Талески„ – Прилеп, Кире Јоноски.

Kако претставник на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ги посети и Даниела Перканоска – Генерален менаџер на “Авто Контрол”.

Покрај желбите за здравје и среќна Нова година, Перканоска како симбол за безбедност во сообраќајот на најмалите патници, во името на РСБСП, на мајката и’ подари седиште за во автомобил.

Во привот ден од годината во утринските часови Прилеп доби уште два нови жители, едно машко и едно девојче, од кое едно од нив, од с. Црнилиште.

Би можело да ве интересира

Кои се млекарите кои пласирале млечни производи со отстапки од декларацијата?!та и продавале

Пела Редакција

(ВИДЕО) Можеби нема да бидам во Македонија, но секогаш ќе настапувам за мојата земја!

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ:ТРИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА ЌЕ „ЗАЖИВЕАТ“ ВО ПРИЛЕП

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе