21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Со 4.672.878 евра ќе се реконструира прилепскиот училишен дом “Орде Чопела“

Ќе се реновира училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп, како дел од владиниот проектот за реконструкција училишни домови во државата. За таа цел се обезбедени 4.672.878 евра средства со кои е предвидена комплетна реконструкција на Училишниот дом „Орде Чопела“.

Во делот на реконструкцијата  предвидено е целосна замена на водоводната,електричнат аи топлотната мрежа, поставување на фотоволтаична централа, заедно со енергетско, ефикасно греење, замена на старите котли на нафта (резервната варијанта за греење на објектот), новопроектен систем за санитарна топла вода, термичка изолација на целокупниот објект, нова изолација на кровната конструкција, целосно, внатрешно, интерно уредување, вклучително и поставување на нови станитарни чворови, нов мебел, нови содржини во просториите за забава, одмор и рекреација – се со цел енергетска ефикасност според европските стандарди. Реализацијата на објектот е предвидена да започне во средината на јули, а фазите за реконструкцијата ќе се одвиваат етапно.

Инаку, училишниот дом „Орде Чопела“ – Прилеп има капацитет за сместување на 333 ученици и студенти. Моментно во училишниот дом се сместени 166 ученици кои учат во петте средни училишта во Прилеп и 20 студенти кои студираа на Економскиот факултет Прилеп. Со реконструкцијата на домот се очекува да се добие енергетски поефикасно и поквалитетно сместување на учениците и студените кои своето образовани го продолжиле во Прилеп.

Инаку, со проектот за реконструкција за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови се опфатени девет студентски домови: во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид.

Проектот се реализира со 20 милиони евра од Германската развојна банка и грант од 4,8 милиони евра од Европската Унија преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.

 

Би можело да ве интересира

Голем пожар помеѓу с. Ропотово и Рилево-опасност по манастирот Св.Атанасиј

Пела Редакција

Прилепчанката Мила Србиноска светски јуниорски шампион во хип-хоп и стрит денс

Олимписко сребро и бронза за Ивана од Прилеп и Атанас од Крушево

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе