18.3 C
Прилеп
среда, 8 јули, 2026
Пела Радио

По втор пат тридневна „Работилница за мозаик“ за млади во Цепенков

Од 17-ти до 19 -ти јуни 2026 година ( три дена – среда, четврток и петок), ЦК „Марко Цепенков“ по втор пат ќе ја реализира „Работилница за мозаик“ за млади. На работилницата ќе учествуваат 15 талентирани ученици од општинските училишта.

Проектот „Работилница за мозаик“, Центарот за култура го реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам.

-Како искуство и позитивен исход од првата релизирана работилница во 2025 година решивме да го продолжиме проектот по втор пат, и со тоа да ја поттикнеме мотивацијата, креацијата и желбата кај младите за изучување на оваа дисциплина во ликовната уметност. Интересот за учество на учениците беше голем, и се одлучивме на работилницата да учествуваат 15 млади. Практично младите ќе научат како се создава мозаик. Предавач повторно е м-р Александра Димитрова – вели Марјан Стојаноски, координатор на проектот.

Би можело да ве интересира

До крајот на месецов завршува реконструкцијата на стариот пат до Битола

Во духот на Велегден – панаѓур во ООУ Климент Охридски Прилеп

По 78% следува и ново зголемување на платите на функционерите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе