23.8 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Градските власти во Прилеп на ифтар со Исламската верска заедница

Ифтарот не е само вечерен оброк ,туку и мост на спојување  на луѓето. Преку оваа традиција се  премостуваат разликите и се пренесуват пораките за мир, заедништво и добрина, со потсетување   дека сите луѓе, сограѓани и пријатели треба да живеат во едно заедништво и меѓусебно почитување. А, соживотот во Прилеп не е само историја, туку идентитет и начин на живеење меѓу прилепчани.

Во контекст на соживотот и почитtа , по повод светиот месец Рамазан, вечерва беше организирна заедничка ифтарска вечера со градските власти и граѓаните од исламска вероисповед.

„ Овој настан е уште една потврда дека меѓусебната почит, традицијата и духовните вредности се темелот врз кој ги градиме нашите односи. Преку вакви средби испраќаме силна порака дека заедништвото и разбирањето се нашата најголема сила. На само неколку дена пред Рамазан Бајрам, посакувам овие свети денови да донесат мир, хармонија и благосостојба во секој дом. На сите припадници на исламската вероисповед им посакувам добро здравје, спокој, радост и убави моменти поминати во кругот на најблиските. Заедно продолжуваме да градиме посветла иднина за Прилеп.“ напиша градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, искажувајќи ја почитта кон исламската верска заедница во Прилеп

В петок, 20 март преставниците од муслимаската вероисповед ќе го одбележат Рамазан Бајрам,  поточно првиот ден на големиот празник, кој ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Би можело да ве интересира

Автоконторл изработува кодирани клучеви за сите возила

Николоски од Прилеп повика на масовна излезност на изборите – „за да воведеме функционална правна држава и да го исчистиме криминалот и корупцијата“

Жена се породила под мостот кај нас. „Димо Наредникот„

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе