ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Административците од Општина Прилеп бараат усогласување со минималната плата и почитување на Колективниот договор

1.432

Вработените во државната управа, во локалната самоуправа и во правосудството беа и останаа единствените вработени во државата кои имаат плата под минималната, досега, а оваа практика ќе продолжи посочуваат претставниците од синдикатот на УПОЗ. Имено, и покрај што синоќа на Економоско социјалниот совет беше постигнат договор за покачување на минималната плата на 18 000 денари, ова нема да важи за вработените во единиците на локалната самоуправа и правосудството. Проблемот е во спротивставени членови од работничката легислатива која што ги опфаќа овие сектори.

– Кај нас системот на плати е различен од системот на минимална плата бидејќи е систем  на плати   по образование и по ниво. Сега Владата несвесно, иако беше укажано од УПОЗ и останатите синдикати од јавниот сектор, отвори Пандорина кутија која нема да може да ја затвори. Тоа значи дека ќе има едно ниво со образование, кое ќе има иста или повисока плата со високо образование и ниво на помошно технички вработени кои ќе имаат повисока плата од оние со високо образование, посочи Трпе Деаноски претседател на синдикатот на УПОЗ.

Неусогласеноста на растот на минималната плата на администрацијата во локалните самоуправи ги засегнува ЗЕЛС и градоначалниците во земјава  бидејќи ниските плати за одредени работни места се неатрактивни.

На 30 декември 2021, градоначалникот Јовчески и синдикатот на УПОЗ ( Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани) потпишан бил Колективен договор со кој што се решаваат прашањата за плати , усогласување на платите во локалната самоуправа Прилеп.

– Апелираме да се почитува Колективниот договор, во кој што јасно и гласно, е наведено ,а претходно е спроведена процедура, согласно сите правила дадено на јавна расправа, потпишан Колективен договор, претходно поминат на Советот на општината. Бараме само одредбите од Колективниот договор да бидат почитувани. Советниците кога го потпишале сега треба да се реализираСега Колективниот договор е Устав во Општина Прилеп и треба да се почитува, посочи Бошко Талески, претседател на синдикалната организација при ЕЛС Прилеп

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: