ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Администрацијата ќе чисти во сабота на повеќе локации

566

Под мотото „Администрацијата чисти“, во сабота на 14 декември, Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“ ќе спроведат голема акција за чистење на градот и поблиската околина. Ќе бидат вклучени над 500 административци вработени во државната администрација, јавните претпријатија и Општина Прилеп, кои ќе чистат на повеќе локации во градот и околината.
„Акцијата ќе биде спроведена кај вештачкото езеро, почнувајќи од чешмата па надолу, се’ до касарната ‘Мирче Ацев’, во населбата ‘Тризла’ зад касарната, а ќе се чисти и кај црквата во населбата ‘Точила’, просторот околу старите и новите градски гробишта и патот до манастирот ‘Трескавец’. Исто така, ќе биде исчистен и просторот кај ‘Заполшки мост’, ‘Маркова чешма’, ‘Склештен мост’ се’ до излезот кај ‘Милина’. Со акцијата ќе биде опфатен и делот од Прилеп кон с.Лагово, од ‘Жито Прилеп’ кон с.Мажучиште, патот од бензиската на ‘Лукоил’ до ‘Салида’, а ќе бидат исчистени и депонијата кај месноста викана ‘Тумбе’ и Дабнички канал“, најави в.д. директорката на ЈКП „Комуналец“, Ирена Станкоска.
За административците кои се вклучени во акцијата тргнувањето е во 08.00 часот пред „Реклами“, во сабота, 14 декември,е зборното место од каде со автобус ќе патуваат до локациите каде ќе биде спроведена акцијата за чистење.
Сите вклучени во акцијата, со себе треба да носат алат.
Оваа акција е препорака од Владата за одработување на 2 јануари кој беше прогласен за неработен ден, а вакви акции за чистење на животната средина ќе се спроведуваат во повеќе градови во земјата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: