ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ако дестинација Ви е Крушево – богата програмата за „10 дена Крушевска Република“

856

Крушево за 10 дена Илинден ќе понуди богата програма на поситителите. Манифестацијата за Илинден ќе започне во 18 часот, со настап на Никола Ристановски кој ќе го прочита Крушевскиот Манифест, по што ќе има точка Националниот ансамбал „Танец“, како и ансамблот на албански песни и игри, како и музичарот Влатко Стефановски.

Претседателот Стево Пендаровски, како што истакна на денешниот брифинг со новинарите, смета дека на народот му е доволно од говори во кои се повикува на единство, а наоколу се случува разединетост, па за прв пат годинава на прославата за Илинден, на Мечкин камен во Крушево, претседателот на државата нема да има свое обраќање

На одбележувањето во Крушево се поканети претставници на сите политички партии околу 21 на број, а досега учеството го потврдил само претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој за прв пат би учествувал на илинденска прослава во Крушево. Претседателите на ВМРО ДПМНЕ на Левица и на Алијанса на Албанците биле и лично поканувани, но досега немало потврда за нивно присуство.

Годинава се одблежува о 116-годишнината од Крушевската Република. Но покрај одбележувањето на 2 Август повеќе манифестации и настап на изведувачипонудува целосната програма за  одржувањето на традиционалната манифестација, Научно-културните средби „10 дена Крушевска Република“,по повод Илинден.

Манифестациите почнуваат вечерта на 31 јули кога во Крушево, по 18 часот традиционално пристигнува Коњаницата пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево

КОМПЛЕТНА ПРОГРАМА ЗА КУЛТУРНО-НАУЧНИТЕ СРЕДБИ

„10 ДЕНА КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА„

Официјално манифестацијата почнува на 1-ви август. Во 10 часот ќе биде посетена Спомен-куќата на Смилевскиот конгрес во селото Смилево и ќе бидат положени свежи цвеќиња пред споменикот на Даме Груев. Од 13 часот на 1-ви август во Крушево е изложбата на влашки носии, а од 18 часот е доаѓањето на Коњаницата која се движи кон Гумење кај Крушево, предводена од воениот оркестар при Армијата на Македонија. До 20:30 часот на 1-ви август ќе бидат положени цвеќиња пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули и на гробот на Тоше Проески на гробиштата на Гумење, пред споменикот на Партизанските гробишта, како и во средината на криптата на илинденските востаници.

Потоа е официјалното отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ на Гумење. На отворањето ќе се обрати претседателот на Манифестацијата, крушевскиот градоначалник Томе Христоски, а на истакнати институции и поединци ќе им се доделат плакети. Ќе биде подигнато знамето на Крушевската Република, ќе настапат Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, а отворањето на манифестацијата ќе биде означен со импровизираното пукање од крушевското топче и со огномет.

На 2-ри август, на Илинден, ќе бидат положени свежи цвеќиња и почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред неговиот гроб во споменикот „Македониум“ на Гумење, на паднатите илинденски борци кај месноста Слива и ќе се одржи панихида за илинденците во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево. Од 12 часот е централното чествување на Мечкин Камен каде ќе присуствува претседателот на Македонија, Стево Пендароски .

Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ до 10 август продолжува со низа настани. Манифестација посветена на унгарската култура на 3-ти август, на 4-ти август е манифестацијата посветена на влашката култура, а на 5-ти август е концертот на тенорот Влатко Груески во спомен-куќата на Тодор Проески на Гумење. На 6 август е целовечерникот настап на Хорот „Злата Мегленска“ на градскиот плоштад во Крушево, „Никола Мартиноски“.

Во рамките на научно-културните средби ќе биде одржана театарска претстава на театарот „Провокација“, една за младите, а друга за повозрасните. На 8-ми август е настапот на културноуметнички друштва, а на 9-ти ќе има концњрт во крушевскиот градски парк. Манифестацијата на 10 август ќе заврши со целовечерен концерт на Викторија Лоба, а потоа и со церемонијата на спуштањето на знамето на Крушевската Република на Гумење во Крушево

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: