СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

АЛАРМ ЗА ПОМОШ НА ШЕСТМЕСЕЧНАТА БИСЕРА ОД ПРИЛЕП

1.682

Малата Бисера од Прилеп која од своето раѓање и било дијагностицирана конгенитална варичела, сеуште води борба со своите родители на Детската клиника во Скопје.
Тие неколку пати побарале помош од докторите кои ја лекувале и сите останати надлежни. Според мајката на малата Бисера, откако се наоѓаат во клиниката Бисера се здобила со дополнителни бактерии и вируси кои и ја отежнале состојбата.
Мајката Александра појаснува дека на 5 деца кои се наоѓаат на клиниката само една медицинска сестра водела грижа. Се пожали дека немаат топла вода за да ги извршат основните потреби особено во моменталната ситуација на вирусот КОВИД – 19, дополнително појасни дека немаат ниту хигиеничари.
Во моментот состојбата на мајката е влошена поради вирус кој се здобила од малата Бисера, а за кои се уште чекаат резултати да им се каже за каков вирус станува збор. Мајката Александра се пожали дека на моменти е со покачена температура, а додека малата Бисера е симната на интензивна и дека состојбата и е стабилизирана.
Таа апелира да се најде решение за состојбата на Бисера бидејќи и според лекарите и било кажано дека Бисера е една од илјада во светот со ретка дијагноза, па поради тоа родителите на Бисера бараат соодветна нега и внимание од стручни здравствени лица. Дополнително стравуваат од моменталната состојба во која се наоѓа целата држава со корона вирусот.

Извор: Локално.мк

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе