ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Амбасадорот на Сојузна Република Германија во посета на Прилеп

603

Новиот амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих денеска беше во официјална посета на Прилеп. Тој  оставари средба со  градоначалникот Илија Јованоски со кога разговараше за интензивирање на соработка на Сојузна Република Германија со Прилеп, во вид на разни проекти и донации кои би му помогнале на градот околу водоснабдувањето ,инфраструктурата, загадувањето на воздухот… итн.

Амбасадорот Герберих го посети и СОУ „Ѓорче Петров“ ,каде беше на разгледување на кабинетот од медицинската струка , кој е опремен со средства од Сојузна Република Германија, како донација во фисина од 3.900 евра.
Томас Герберих, во присуство на локалните преставници го посети и ЈУ Дом за стари и изнемоштени лица “Киро Крстески – Платник“, каде веќе е ставена во употреба машина за перење на алишта , повоторно донација на германската влада во виснина од 8 илјади евра, при што е направена и одредена реконструкција на пералната (под, дограма ..итн) На средбата  Томас Герберих, амбасадорот на Сојузна Република Германија, истакна дека и во иднина Сојузна Република Германија ќе и помага на Македонија со свои донации, бидјеќи Германија е пријателска земја со Македонија

  .„Во однос на финасиската соработка  германскиот влада има ставено преку 320 милиони евра преку KWВ банката за помош на Македонија, но надвор од тоа во рамките на техничко – билатералната соработка помеѓу   Сојузна Република Германија и Р.Македонија доделни се повеќе средства “- истакна  германскиот амбасадор на денешната средба во Прилеп .

Денеска попладне,пак во официјална посеа на Прилеп, беше и  пратеникот Самка Ибраимоски (кој кратко беше министер без ресор и во таа функција го посети Прилеп) со кого  ќе биде  потпишан договор за натамошна реализација на проект во населбата „Три Багреми“ во Тризла за подобрување на состојбата со снабдувањето со ЕЕ.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: