ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Асфалтиран патот од с. Волково до манастирот Св. Никола- ИПА средства за проширување на патот Дреново – Прилеп

745

Со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се асфалтираше патот од селот Волково до манастирот Свети Никола кај селото Прилепец во должина од 5,5 км. Вкупната вредност на двата проекта изнесува 31.2 милиони денари,а денес надлежните беа на увид.

Агенцијата за среќа на сите нас и на општина Прилеп ги одобри сите три проекти: изградба на инфраструктура на патниот правец од село Волково до село Прилепец во должина од 2.5 километри ,  од населеното место Прилепец до манастирот Св. Никола . Инаку, вкупно за овие 3 месеци од оваа година, Општина Прилеп во патна инфраструктура направи околу 25 километри, од кои што заедно од овие улици и патишта околу 10 километри направи реконструкција и рехабилитација на улиците во Прилеп и 15 километри направи реконструкција во населените места во општина Прилеп: Големо и Мало Коњари , Лагово, Канатларци, Галичани, Алинци ,Тополчани и со ова пролетниот дел на градежната офанзива  “ – рече градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Според директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, овие инвестиции значеле и рамомерен развој на сите региони во Македонија.

 

„Општина Прилеп од Агенцијата има добиено три проекти и преку планскиот пелагониски регион уште еден, четири и цела финансиска конструкција е преку 1 милион евра, од кои што поддршката на Агенцијата е во целост, односно 100% на инвестицијата. Единствено Општината треба да го плати данокот на додадена вредност. Преку оваа програма се реализираат околу  200 проекти во Македонија, во висина од 38 милиони евра,  се со цел  еднакви услови , и регионален развој на целата територија на Македонија  “- истакна Николче Бабовски.

 

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, нагласи дека во прилепскиот и целиот пелагониски регион се случувала вистинска градежна офанзива  и ги нагласи активностите што е работата во Пелагонискиот дел поврзани со инфраструктурното уредување .

 

„Завршени се и дел регионални патишта како патот од Прилеп до вештачкото езеро, патот од Битола преку Тополчани до Прилеп, интензивно се работи на патот од Лагово до Витолиште, односно во мариовскиот дел, кој очекуваме во текот на овој месец да биде целосно асфалтиран.

Привршуваат работите на патот од Фариш до Дреново, продолжува проектот од Градско до Дреново, а очекуваме овие денови од страна на банката да биде одобрен оној дел кој се однесува на делот од експресниот пат од Фариш до Дреново, кој што ќе треба да биде тендериран најверојатно во текот на овој месец.  

Дополнително сакам да кажам во овој месец се спрема и еден сериозен пакет на јавни набавки кои треба да се извршат во јавното претпријатие Државни патишта, од тие 7 кои треба да бидат распишани, 6 се во овој регион.

Да потенцирам дека во нив е и делот од Фариш до Прилеп, значи 19 километри реконструкција и рехабилитација на трите ленти, дополнително имаме обезбедено ИПА средства за тие четири километри каде треба да настани проширувањето на патот од Дреново до Прилеп“, рече  Министерот Сугарески.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: