ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донација „УВ Гард“ – уред за дезинфекција од КОВИД 19 за прилепската болница

558

Општата болница „Борка Талески“-  Прилеп доби донација „УВ Гард“ – уред со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии, со цел зајакнување на условите во здравствената установа со цел справување со вирусот ковид-19, информира Министерството за здравство .„УВ Гардот“ е изум на македонските иноватори, Никола Глигоров и Ивица Поцков (кој беше гостин во Радио Пела, во емсијата #SediDomaSoRadioPela и објаснуваше за целта на изумот  и начинот на функционирање на уредот) ,и двајцата од Свети Николе. „УВ Гард“ , уредот со УВ зраци за дезинфекција на површини и воздух од вируси и бактерии беше изработен со донација на прилепската опшествено одговорна компанија „Комфи Ангел„

https://www.facebook.com/radiopela/videos/186503439323504/

Апаратот се дезинфицираат површини и воздух, 360 степени наоколу, работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри, ги убива микроорганизмите што доаѓаат во контакт со светлината, им ги уништува нуклеинските киселини и ја нарушува нивната ДНК, оставајќи ги без можност да ја вршат својата функција, УВ зраците допираат до места што се недостапни и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите и на нерамни површини.

Просторијата што се дезинфицира со апаратот мора да биде празна, но, како што наведуваат од МЗ, тоа не е проблем бидејќи уредот се контролира од далечина и го заштитува тој што го ракува. За просторија од 40 метри квадратни доволни се околу триесетина минути, а веднаш по дезинфекцијата се чувствува силен мирис на озон.

Вакви уреди имаат добиено болницата во Кавадарци, болницата 8-ми Септември во Скопје , Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија…

Предноста на апаратот, е што тој е мобилен и може да се движи од една просторија во друга.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: