ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(АУДИО ) Симболите на Водокрст и големиот празник Богојавление – Водици

731

На 18. јануари, ден пред празникот на Крштението на Господ Исус Христос во реката Јордан – Богојавление, Црквата се подготвува за големото торжество што ја очекува следниот ден. Водокрст како предвесник на еден од најголемите православни празници – Богојавление – Водици, беше повод за разговор во студиото на Радио Пела со отец Јане Петрески парохиски свештеник во Кривогаштани.
Каква е традицијата, што симболизира празникот Водокрст, а што значи Богојавление – Водици? Слушнете го разговорот во целост на следниот линк:

 

„Празникот Водици ,Светото Богојавление, кое Светата православна црква секоја година го одбележува на 6-ти ,односно на 19 –ти јануари, масовно го одбележуваме на ниво на православие,бидејќи тој еден од најголемите христијански празници. Каратеристично е тоа што во Прилеп, од година во година, имаме се поголема масовност за фаќање на светиот крст. Оваа година имаме рекорден број и на пријавени девојчиња кои ќе скокаат по светиот крст ,10 на број , од вкупно 98 пријавени. Времето и водата ќе бидат ладни и во соработка со локалната власт обезбедени се и спасители, и екипи од Првата помош“ -вели прилепскиот архиерејски намесник Протоереј – Ставрофор, Блаже Станкоски:

 

Водокрст е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството. Црквата овој ден го одредила како голем празник со строг пост. За оние кои постат, се смета дека сочувствуваат со страдањата на Спасителот Исус Христос. Денеска, според обичаите се јаде само леб и се пие вода. А денеска се случува и големото осветување на водата.По осветувањето, водата им се дели на верниците, и се верува дека треба да се чува дома поради здравје и бериќет.
Се верува дека во глуво доба од ноќта, пред Богојавление, на момент се отвора небото, за да се вкрстат ветровите кои дуваат зиме со оние кои дуваат лете и дека целата вода станува света. Кој тогаш ќе се затекне на отворено и го види тоа, може од Бога да посака исполнување на една желба.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: