СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Во Прилеп, Бобан го фати крстот, а 14 девојки скокнаа во водите по чесниот крст

662

Во водите на Аква-паркот во Прилеп, 22 годишниот студент Бобан Јосифоски од Прилеп е најсреќниот од 100 тината учесници на денешното чествување на Богојавление-Водици, за кое традиционално кај прилепчани има огромен интерес.
За некои трета, за некои прва, но за Бобан е ова 10 та среќа, бидејќи тој упорно учествувал изминативе години за фаќање на благословениот крст. 
– По 10 години учество сега ми се насмевна среќата. Го фатив светиот крст. Јас сум студент на Факултетот за безбедност. Очекувам здравје и среќа да ме следи оваа година, а тоа им го посакувам на сите. Чувството е прекрасно, изјави среќниот Јосифоски.
Годинава за огромниот интересот на прилепчани за учество на традиционалниот настан, говори и Отец Благоја Станкоски.
– Се пријавија 98 учесници, а денеска уште седум, што значи годинава вкупно учествуваа 105 прилепчани. Од нив се 14 девојки. Најмладиот учесник е роден 2007, а најмладата девојка е родена 2005 година, односно по 12 и 14 години. Од намесништвото најсреќниот кој го фати светиот крст доби икона со Крштението исусово, а од спонзорот телевизор. Но, не се подароците најбитни, туку мотивот и вербата во тоа што овие бројни млади момци и девојки учестуваат за да го фатат светиот крст, објаснува отец Станкоски.
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски му посака среќа годинава на Јосифоски, но и на сите учесници да ја имаат таа среќа догодина.
Општината на прилепското намесништво му донираше 100.000 денари за овој голем празник.

Погледнете ја фото – галеријата:

Facebook Notice for EU! You need to login to view and post FB Comments!
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе