ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

БАРАЊЕ ЗА ПРЕКИН НА РАБОТАТА НА СТОМАТОЛОШКИТЕ ОРДИНАЦИИ

2.195

Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина бараат од МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО, ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ и СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА за привремено прекинување на работата на стоматолошките ординации во државата. Истовремено , од Здружението предлагаат да одреди соответен број на ПЗУ во секоја Општина , кои ќе бидат надстандардно опремени со заштитна опрема за заштита од заразата, а исто така и кадровски екипирани за да можат стручно и ефикасно да одговорат при потреба од интервенција во сите случаеви .
Стоматолозите со кои контактираше Радио Пела велат дека најсоодветен начин за работа на стоматолозите е оној на кој се справува во овој период Република Словенија, каде работат само 7 ординации во време на прогласена пандемија од корона вирус. Имено, таму во стоматолошките ординации се обезбедени високо стандардни начини за заштита на персоналот, а со тоа и пациентите.

Ни треба надстрандардна заштита за работа

– Според препораките од министерството за здравство, ние работиме само за итни интервенции со претходно најавување од пациентите. Ситуацијата е покомлицирана заради вирусот корона кој се пренесува многу брзо и во директен и непосреден контакт, на многу лесен начин. Нашите интервенции 90 % од нив се изведуваат со високовртежни инструменти, кои создаваат аеросол, видливи капки, плунка, кои што циркулираат во надворешната средина. Работиме во усната празнина од каде директно се пренесува овој вирус, меѓу другото вели Круме Чесноски, стоматолог од Прилеп.

Во продолжение целиот разговор на следниот линк:

https://www.facebook.com/radiopela/videos/253011282371043/

 

Хрватска и Словенија ги применуваат посебните мерки за работа и заштита на здравствените работници, вклучително и стоматолозите:

Ваквото барање за прикин на работата на приватните стоматолози, се должи на фактот што стоматолозите во овој период имаат намален обем на работа, а во исто време се најизложени , така што велат тие „ докторите стоматолози и останатиот здравствен персонал во највисок степен на можност да бидат заболени, а исто така и да ја пренесат инфекцијата . И покрај превземањето на сите мерки за превентивна заштита при работата , сметаме дека во вакви услови се потребни надстандарни мерки за заштита на персоналот при работа , а со тоа и на пациентите . “
Приватните стоматолози предлагаат Фондот за здравствено осигурување да ја разгледа можноста за солидарана месечна исплата во сите ПЗУ за време на кризните месеци и додека трае кризата со епидемијата да биде спречена можноста за промена на матичните стоматолози и апелираат до претседателот на групата за криза во Стоматолошката комора да се приклучи кон оваа препорака.

Ова е БАРАЊЕТО НА ПРИВАТНИТЕ СТОМАТОЛОЗИ:

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе