ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Бесплатна тел. линија ( 08000210 ) за контакт со мобилните тимови, нема заболени, 76 во самоизолација

821

Од денеска се чистат и  дезинфекционираат сите влезови во Прилеп, јавниот простор пред Општата болница „Борка Талески“, пред Здравствениот дом и Центарот за јавно здравје, посочи на прес конференцијата градоначалникот Јованоски, информирајќи кои мерки ги презема општината во заштита од пандемијата на корона вирусот.

Со полн капацитет функционираат мобилните тимови во општината кои на старите, болните и изнемоштените лица им пружаат помош за доставување на намирници.
– Од денеска ја ставаме во функција и зелената бесплатна линија 08000210. Ќе работат и 3 нови тимови од Здравствениот дом кои што ќе вршат домашна посета по потреба на нашите граѓани, рече градоначалникот Јованоски, кој упати благодарност до полицијата, за направените засилени контроли на автомобилите кои доаѓаат од другите општини.

 

Јованоски: Нема заболени од корона вирус во Прилеп, 76 лица во самоизолација

– Во овој момент во самоизолација се наоѓаат 76 лица на кои прилепската полиција им врши секојдевна контрола. На 4 лица кои не ги почитувале препораките поднесени им се кривични пријави. Затоа упатувам апел до нашите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките, да не ги напуштаат своите домови, а граѓаните од најранливите категории ги охрабрувам да ја користат тел. линија за помош за набавка на намирници.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/798290237329107/

Општина Прилеп ја засилува соработката со општинската организација на Црвениот крст. Градоначалникот апелираше до сите компании од градот кои што се во можност да бидат солидарни.
– За оние компании кои што имаат профит, посебно компаниите кои произведуваат храна и средства за дезинфекција и лекови да донираат средства или храна во општинската организација на Црвениот крст од каде што ќе бидат дистрибуирани до социјално ранливи категории, а се наоѓаат во самоизолација, рече градоначалникот Јованоски.

Една таква прилепска компанија е Гифти текс , која  со уште две  фирми веќе започна со производство на заштитни маски и во соработка со болницата, каде се прави дезинфекција, ќе ги дистрибуира за потребите според приоритетите на општината.
Покрај тоа, со донација учествувала и една битолската компанија која што на општината и ги обезбедила бесплатно средствата за дезинфекција на јавните површини.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: