ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Богојавление – Водици, ден кога водите стануваат свети!

720

Денот во кој Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, е Водици или Богојавление, според христијанското предание.
Циклусот на зимски празници поврзани со Бадник, Божиќ и Нова година (Василица) завршува со овој празник и се заокружуваат дванаесетте т.н. „некрстени денови“.
Водици по правило се празнува два дена. Првиот ден е 19 јануари, кој покрај Богојавление уште се нарекува и Војордание и Машки Водици. Вториот ден пак е следниот, 20 јануари, наречен Женски Водици.
Традиционално во Македонија во многу населени места, свештениците го фрлаат крстот во некоја поголема вода – базен, река, езеро, а луѓето скокаат во водата во обид да го фатат крстот. Се верува дека оној што ќе успее да го фати крстот ќе биде среќен во текот на целата година.
Овој свет ритуал го симболизира влегувањето на синот божји во реката Јордан.
Според преданието, Водици е денот кога водите стануваат лековити. Токму затоа многумина си земаат од испеаната (светена) вода за дома, или пак му приоѓаат на попот да ги попрска со истата за среќа, здравје и бериќет.
На Водици, именден празнуваат Богдан, Бојан, Богомил, Богдана, Данчо, Данка, Даница, Јордан, Јорданка, Јован, Јованка.
Особено е важно да останете будни до полноќ!Всушност, нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари, во време кога небото се отвора и “Бог се појавува.”Според верувањето, Богојавление – јавувањето на Бога, се случува во глувата доба на предвечерието на празникот Богојавление, кога ќе дојде моментот кога се отвора небото и кога се вкрстуваат ветровите кои дуваат во зима и оние кои дуваат во лето.
Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна …недвосмислена и имајте малку верба!
Празничниот поздрав гласи – БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: