ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Братство“ се збратими со пчеларско здружение од Варна, Бугарија

602

Здружението на пчелари „Братство“ од Прилеп потпиша меморандум за соработка со пчеларското здружение од Варна, Република Бугарија. Со тоа пчеларите од двете организации се договорија на заедничка соработка и дејствување.

„Целта е размена на искуства околу пчеларењето и законските регулативи зошто Бугарија е членка на Европската Унија, а ние со нашите регулативи се стремиме да се усогласиме со законите на ЕУ. Од средбата очекуваме да ги зголемиме нашите познавања и искуства, околу цената на медот, субвенциите, нелојалната конкуренција на пазарот…“ вели Дејан Бошкоски претседател на здружението на пчелари „Братство“.

Гостите од Република Бугарија покажаа подготвеност да ги споделат своите искуства, но и да бидат добри домаќини.
„Целта на збратимувањето е пчеларите од Прилеп да можат да дојдат во Варна на фестивалот, да се запознаат со начинот на производство на мед кој е многу побрз и понапреден кај нас. Ние работиме сами, немаме субвениции од државата. Користиме помодерни методи за извлекување на мед, за одгледувањето на пчелите. Така на пример од 40 до 50 килограми мед од една кошница е многу нормално за нашиот медоносен регион“, посочи Атанас Каракашев претседател на Варненска област на пчеларската организација.

Пчеларските здруженија се договорија дека во иднина ќе ги користат бенефитите, размената на информации, меѓусебно запознавање и преземање конкретни чекори за реализирање на активности од заеднички интерес.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: