ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПО ТРАГИТЕ НА ПЕЛАГОНСКОТО КРАЛСТВО –митолошко-историска основа

622

Во организација на КИДЦМ „Калеш Анѓа“, с Крушевица, прилепско, се одржа четвртата презентација на КИДЦМ „Калеш Анѓа“ за 2017 година. Предавач беше Тренчо Димитриоски, новинар, писател и истражувач на историјата и културата на македонските области Пелагонија, Мариово и Прекурид. Целта на овие предавања е запознавање со културните и историските вредности на споменатите области, како и нивна афирмација и популаризација пред научната и културната јавност.


Презентацијата беше посветена на една исклучителна тема, поврзана со старото Пелагонско Кралство, како и со културата на посебната етничка група и етничка заедница пелагонци, чии корени, развој и култура треба да се бараат во праисторискиот период, односно, според авторот на предавањето, во бронзениот период, па и порано.


– Иако податоците за оваа заборавена култура и кралство се навистина скудни, недвосмислен е фактот на неговото постоење до времето на македонскиот крал Филип Втори македонски, кога пелагонците влегле во рамките на Македонското Кралство. Уште повеќе, според митолошките преданија од антиката, како и од скудните историски и археолошки податоци, Пелагонците како заедница, но и како култура, се наоѓаат во самите основи на културата на Балканот. Тргнувајќи од преданијата во кои се пренесуваат информации и своевидни народни сеќавања за геолошките превирања на овој простор, како и за културното созревање и развој, Пелагонците се меѓу најстарите етнички заедници и меѓу првите на Балканот создале своја култура и свое кралство. Поткрепа за ова тврдење наоѓаме кај старите автори како што се Хомер каде во негоиот еп „Илијада“ се споменува епонимниот јунак на Пелагонците, пелаго, потоа кај таткото на историјата, херодот, кај истражаниот историограф, Тукидит, кај Диодор, полибиј, Ливиј и Страбон, како и кај многу други автори, кои пренесуваат скромни, но неосомени податоци за постоењето на оваа значајна, но во голема мерка, заборавена и запоставена етничка и културна заедница, вели истражувачот Тренчо Димитриоски.

Целта на предавањето беше, токму, иницирање, потикнување и отпочнување процес на истражување, осознавање и афирмирање на овој значаен дел од културата и историјата на човештвото, која според авторот, има општоцивилизациско значење.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: