ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Британската амбасадорка Галовеј во дводневна посета на Прилеп

661

Во прва, дводневна посета од денеска во Општина Прилеп и Пелагонија е амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј. Посетата започна со средба со градоначалникот Илија Јованоски, на која биле опфатени неколку актуелни теми.

– Многу ми е драго што можевме да разговараме за работата на општината, за тоа како се справува со моменталната ситуација со Ковид-19. Воодушевена сум што општината работи со најранливите категории граѓани и се надевам на идна соработка со градоначалникот и со општината на овие важни теми. Ќе ја искористам оваа дводневна посета на Прилеп да се видам со претставници на локалните бизниси и некои бизниси кои имаат и британски сопственици, со советници на општината, невладини организации, со парламентарни претставници, изјави амбасадорката Галовеј.

Предвидена е средба со советниците на општината, посета во основното училиште  „Блаже Конески” каде се спроведуваше проектот „Училишта на 21от век” кој е поддржан од страна на Британската влада и спроведен преку Британскиот совет, како и средби со претставници на невладини организации кои работат со лица со попреченост, медиумските организации и дописници, со пратеници, како и со претставници на Регионалната канцеларија на Стопанската комора.

Посетата на амбасадорката Галовеј, според градоначалник Илија Јованоски, е од големо значење за градот во овој период во услови на пандемијата, како и грижата за лицата со посебни потреби.

– Ја запознав амбасадорката за тоа каква општина сме, со какви ресурси располагаме, која е нашата култура, уметност, спорт, какво е нашето стопанство. Посебно внимание на средбата обрнавме на ранливите групи, лицата со посебни потреби. Во овој момент е јавната набавка за пристапни рампи за сите училишта. Како позитивен пример е реновирањето на булеварот, со поставувањето на тактилните плочки, што е реткост во нашата држава. Исто така разговаравме кој начинот на справувањето со пандемијата во нашиот град, посочи градоначалникот Јованоски.

Инаку, Британската амбасада денеска ја презентираше програмата за Чивнинг стипендиите кои се поддржани од страна на британската влада, кои се отворени за сите македонски граѓани кои се заинтересирани да студираат едногодишни постдипломски студии на било кој универзитет во Британија.

Амбасадорката  Галовеј  утре ќе го посети манастирот Трескавец.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: