ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

294

Оценувачката комисија на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп на денешната прес-конференција ги соопштија одлуките на наградените.

Во официјалната фестивалска програма на која учествуваа осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, едногласниот став и оценка на жирито во состав: Љупчо Ѓорѓиевски – режисер, Бесфорт Идризи – актер и Сотир Трајков – театарски критичар, го истакнаа следново :  наградата за уметничко остварување се доделува на претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ; наградата за главна машка улога во истоимената претстава се доделува на Никола Ристановски, наградата за сценографија е доделена на сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда се доделува за рекламен материјал на Димитар Димитров.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе