ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Да не се заборави! Во авионската несреќа на денешен ден 2004 г. загина Претседателот на тогашна Република Македонија, Борис Трајковски

867
  • На денешен ден (26.02.2004) загинува поранешниот Претседател на Република Македонија-БОРИС ТРАЈКОВСКИ
  • Роден 25.06.1956 Струмица,Загина 26.02.2004 Мостар, Босна и Херцеговина
  • Втор Претседател на Република Македонија (1999-2004);
  • 1980г. дипломира Право на УКИМ
  • До 1977г е раководител на правната служба на градежното претпријатие “Слобода” во Скопје;
  • 1997-1998 е шеф на кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода, Скопје;
  • 1998г заменик министер за надворешни работи;
  • 2002г. доби светска Методистичка награда за мир од “Светскиот Методистички совет”;Награди и признанија:* Орден на Република Македонија (2005, постхумано)* Ред за заслуги на Република Унгарија, Гранд Крст со ланец* Голем Крст на орден за заслуги на Република Полска* Најт Гранд Крст на редот на Св. Михаил и Св. Ѓорѓи
  • Денес неколку училишта го носат неговото име, меѓу кое и она во неговото родно Моноспитово;
  • На неговиот погреб присуствувале повеќе од 47 светски делегации;

Мистеријата за  причините за рушење на авионот на председателот Борис Трајковки сеуште останува.

Владиниот „кингер” со кој што патуваше претседателот Трајковски, кој требаше да стигне на Меѓународна конференција за инвестирање во Босна и Херцеговинам на 26 февруари 2004 година се урна во  близина на Мостар.

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа извршени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

И во двата извештаја, кои се разликуваа, сепак, како причина за падот на „кингерот“ се наведува пилотскa грешки и други индиректни системски пропусти.

Во извештајот на Кулиќ се наведува дека агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија издала дозвола за авионот без потребна документација, а авионот не бил соодветно одржуван.

СФОР направил процедура за слетување во Мостар каде морало да се користи радар, а радарот претходно бил расклопен и однесен од аеродромот. Босанските воздухопловни власти издале дозвола да се користи таа процедура за слетување поради што „кингерот“ со Трајковски при несреќата воопшто не бил следен од земја со радар.

Не работела црната кутија за снимање на параметрите на летот и била застарена, а не бил функционален ниту уредот за лоцирање на авионот по уривањето. Тоа  било доказ за истражителите дека СФОР крие нешто затоа што сигналот неисправниот уред го пријавиле како причина поради која е лоциран авионот.

Контролорите на летање од францускиот контингент воопшто немале регуларни сертификати за својата функција и не биле достапни за истрагата цели две недели по несреќата.

Европратеникот Андреас Крос, 2011 година почна сопствена истрага за оваа несреќа.Тој трдеше дека има докази дека претседателскиот авион не се урнал поради лошите временски услови и грешка на пилотите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: