ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Неизвесноста со тутунскиот откуп продолжува во – Собранието!

602

Иако пред 10 дена најавени од ресорниот министер Арјанит Хоџа, измените во Законот за тутун со кој ќе се овозможи пролонгирање на откупот на тутунот сеуште не се усвоени во законодавниот дом – Собранието. Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа поднесе иницијатива по итна постапка да се донесе измена на Законот за тутун за да се пролонгира можноста за откуп наместо до крајот на февруари до крајот на март. Со тоа ќе се овозможи да се преземе целокупното тутунско производство, вклучително и вишокот на тутун за кој што земјоделците немаат договори.  

Премиерот Зоран Заев рече дека ја поддржува иницијативата да се одржи итна седница на Собранието при што информираше дека досега се откупени 24,5 милиони килограми тутун и дека за откуп за оваа реколта се обезбедени 4 милијарди денари, односно 70 милиони евра.

– Ако Собранието постигне согласност за итна седница на Собранието за да се продолжи рокот за откуп до крајот на март наместо до крајот на февруари, ќе добиеме можност за откуп на целата реколта и наместо сегашната просечна цена од 165 денари ќе се создадат услови за постигнување на 180 денари по килограм тутун, рече премиерот Заев.

Иницијативата за измени во Законот за тутун е во собраниска процедура, така што сеуште е неизвесно кога и дали ќе дојде на дневен ред на собраниска седница, со оглед на околностите во кои работи законодавниот дом.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: