ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дали на оваа држава и’ требаат локални новинари и медиуми?

348

Премиерот дојде и си замина, а локалните новинари не информирани за посетата, зошто?  

За прв пат во над 30 годишното новинарско искуство како локален новинар кој што работи во локален медиум и тоа го доживеав – за посета на македонски премиер да не сум информирана дека доаѓа во Прилеп. Но, редакцијата на Радио Пела, не беше исклучок, туку беше ставена во ист кош со сите останати локални медиуми во Прилеп, заедно со редакцијата на Алфа ТВ. Претпладнево, за нас новинарите – локалци, бројната полиција која по протокол си ја вршеше работата беше единствениот знак дека некој треба да дојде во градот или пак транзитно да помине …. и ништо друго!

Несфатливо е како може за настан од ваков тип, прва посета на премиер на држава во град каде регуларно работат повеќе локални редакции, службата која е задолжена за најава на настан од највисок приоритет – како што е посета на премиер на државата да не ги информира локалните новинари!

Зборот несфатливо е преблаг, навредливо е, непојмливо е, се коси со здравиот разум…

Или пак станува збор за намерно изоставање на локалците кои се не – вредни да го проследат настанот, не – кадарни за  една ваква посета на премиер од сопствената држава во сопствениот град, местото каде што делуваат?!

А може пак е некоја „позитивна“ селекција на подобни или неподобни?

За жал, не успеав овие прашања да ги поставам до премиерот, ниту јас, ниту моите почитувани колеги локални новинири, од единствена причина што ја проследивме делегацијата на заминување, иако горчината остана. Горчината за понижувањето предизвикано од намерната или не намерната селекција која отвора низа прашања од кои најважното е:

Дали на оваа држава и’ требаат локални новинари и медиуми?

Одговорот јас го добив,  а вие?

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: