ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се менуваат подовите и фасадата во ООУ „Блаже Конески„

920

ООУ „ Блаже Конески“ – Прилеп со стартот на зимскиот распуст започна со реконструктивни зафата за подобрување на условите за работа на учениците. Во училиштето се врши реконструкција на подовите и изработка на термоизолациона фасада.

Градежните активности, предвидени според проектот, се планирани да траат 5 месеци.

„Работите се одвиваат интензивно посебно во внатрешниот дел на објектот во интерес на нашите ученици. Знаејќи дека голем дел од денот поминуваме во училишните простории, реконструкцијата на дотраениот под и изработката на термоизолациона фасада ќе овозможи првенствено полесно затоплување на просториите, кое беше проблем во зимските денови, заштеда на енергија која се рефлектира во заштеда на буџетот и на училиштето, но и на локалната самоуправа. Исто така, го подобрува естетскиот дел на училиштето и вредноста на самиот објект, кое претставува инвестиција во нашите деца од непроценлив карактер.“, вели директорката на училиштето, Ангелка Баракоска.

Проектните зафати за реконструкција  чина 8.587.393,00 денари, средства од Министерството за образование ,  со што училиштето е едно од 24-те училишта во Македонија каде МОН вложува за подобрување на образовната инфраструктура.

Министерството за образование и наука, минатата година во ова прилепско основно училиштее финасираше 2.832.000,00 денари во санација на електрична инсталација и замена на постоечкото осветлување со лед сијалици.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе