ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Дали со отварањето на границите ќе се прават тестови и ќе е потребна изолација?! Дали јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои ја прекршуваат самоизолацијата?!

338

 

Дали ќе се отворат границите без да се прват тестови и без изолација, ќе се знае викендот. Ова во Прилеп го најави министерот за здравство Венко Филипче, кој нагласи дека ваквата одлука се темелеи врз основа на проценката дека сите земји во регионот, вклучително и Македонија имаат идентичен епидемиолошки ризик и иста епидемиолошка состојба.

 

 

„Ние видовме пораст на бројот на новодијагностицирани пациенти нешто порано од останатите земји, сега апсолутно сиите земји во регионот се соочуваат со тоа и сметам дека први изреагиравме и започнавме со тестирање на огромен број контакти на претходно дијагностицирани заболени што ни овозможи за кратко време да ги ставиме во изолација, со цел да не ја шират болеста. Се соочивме и со проблеми во однос на тоа околу давањето на решенијата за самоизолација. Но верувам дека има механизми со кои и тие проблеми ќе се надминат. – рече Филипче при посетате на Прилеп 

Денеска или  утре ќе се започне и  со јавна објава на оние кои не сакаат да ги примат решенијата за самоизолација и одговараат погрешно на анкетните прашања .

  „Тоа се луѓе кои се огромен ризик да ако се асимптоматски носители на вирусот и сега ако се движат помеѓу луѓе и не почитуваат самоизолација,  може болеста да ја шират“, додаде  Филипче.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: