ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Деспина се врати со пораз од Ѓорче Петров, но и со одлично изиграно второполувреме

318

ЖРК Деспина отпатува на гости  кај екипата Ѓорче Петров и очекувано се врати со пораз ( 29:22) , иако на стартот од натпреварот девојките  покажаа отпор, па домаќинките речиси 3 мин. немаа постигнато гол. Но, по 10 минута, играта премина во рацете на посилниот ривал, така што ракометарките на Деспина до 20 тата минута од натпреварот имаа постигнато само 3 гола , за на полувреме да се замине со резултат 18:7 за Ѓорчепетровки.

Второто полувреме, девојките на Страшо Илиоски,  го започнаа посигурно, со подобра одбрана и реализација па веќе во 20 минута имаа постигнато 10 гола,  а резултатот на семафорот беше 25:17, за крајот на натпреварот да заврши 29: 22. Ако девојките на деспина играа како што играа во второто полувреме Ѓорчепетровки со сигурност ќе водеа тешка битка за победа, зашто ако во првото полувреме прилепчанки постигнаа  7 гола,  второто беше изненадување и пресвртница со постибнат 15 голови на контото од ЖРК Деспина.

Најефикасни во редовите на Ѓорче Петров беа Николиќ со шест гола и Велкова со пет ,а во екипата на Деспина , Елена Риплиоска со осум гола и  по четири постигнаати голови  Цветковска Сања и Камчевска Ангела.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: