ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Детската зона во паркот кај судот останува и по Пивофестот

1.740

Дека е потребен простор за најмладите во Прилеп, со содржини и настани кои ќе ги забавуваат и анимираат покажа т.н Детска зона која беше иницирана по повод фестивалот на пивото. Сместена во паркот на судот, безбедна и прикладна за одржување на мини – настани од забавен карактер детската зона покажа дека е реална потреба за децата.
Катчето за игра, дружење, музика и се она што ги интересира најмладите на истата локација во паркот ќе остане и во наредниот период, најави градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, заблагодаровајќи им се на учесниците Busy Bee Montessori Classroom“, „Helen Doron“, „Bright Kids“, „Brainobrain“ и Извиднички одред „Феникс“ – Прилеп, кои што ги анимираа децата за време на четирите фестивалски денови.

Основната причина за продолжување на настаните во детското катче и по завршување на Пивофестот, е големиот интерес од најмладите за креативните содржини, кино претстави и работилници.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: