ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Девет годишно дете и неговата мајка се дел од заболените 6 лица во Прилеп

2.570

Досега во Прилеп има шест потврдени случаеви на Ковид 19.

М-р Драгица Николовска -директор на Центарот за Јавно здравје Прилеп

“Од вкупно земените 20 брисеви , во текот на вчерашниот ден, 16 се негативни, а  4 се позитивни на коронавирусот.  Од нив едно е дете на 9-вет годишна возраст, две се женски лица, на возраст  од 35 години и едно машко лице на возраст од 36 години Епидемиолошката служба на ЦЈЗ Прилеп во моментов работи да ја најде поврзаноста на групата, за да се најди изворот на заразата .Четирите лица се ставени во самоизолација.“- информираше Драгица Николовска,дир.на ЦЈЗ –Прилеп на денешната прес конференција

 Детето и мајката се во сродство со предходните заболени два случаи кои се  транспортирани во Клиниката за инфективни болести во Скопје.

„Четирите лица се ставени во самоизолација , а синот на брачната двојка која има Ковид – 19  е тестиран,  и  е негативен -вели, Николоска

Денеска се тестирани нови 7 лица чии резултати ќе пристинат во следните 24 ч.

На прашањето ,дали може да се знаат имињата , не со цел да се стигматизираат заболените,  туку да се заштитат другите граѓани и да се тестираа, доколку биле во нивни контакт , беше посочено дека имињата не се соопштуваат на пациенти, бидејќи македонското здравство нема право да го открива идентитетот на пациентот.

Од понеделникот за прв пат почнаа да работат 14 пунктови на територијата на Македонија. Еден е во ЦЈЗ –Прилеп ,а закажувањето е преку матичен лекар, на „Мој термин“ Досега беа дозволени само 7  бриса во едно деноноќие. Но, како се променува ситуацијата, бројот на дозволените бриса за Прилеп се зголемуват,беше истакнато на пресот

Новина е што и инфектолозите ќе можат да даваат упати, меѓутоа  земањето на брисови, ќе биде во инфективното одделние од ЈУ Општа болница “Борка Талески“ – Прилеп

Што велат од болница?

Како се подготвени во ситуацијата со Ковид 19

Д-р Драган Богоески, дир. на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ -Прилеп

Во Прилепската болница нема заразени медицински лица. Прилепеската болница е подготвена да прифати пациенти кои се сомнителни, или кои се со средна лесна или средно тешка, клиничка слика на болеста.

Двата случаеви се однесени во инфективна клиника во Скопје , иако еднот е со средна клиничка слика , а другиот со лесна. Со лесна клиничка слика болните си остануваат дома на лекување. Имаме и резервен капацитет од 8 кревети, ако се случи да имаме поголем број заболени.  Во болницата се оперираат итнислучаеви –беше со кратко објаснување директорот на ЈЗУ Општа Болница “Борка Талески“ -Прилеп , Д-р Драган Богоески

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе