ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Џудо репрезентативката Димеска ќе ги брани боите на Македонија

1.517

Во рамките на натпреварувачките активности на Џудо Федерацијата на Македонија, викендов ( 09 и 10 март) Македонската кадетска селекција ќе земе учество на Европскиот Куп за Кадети-ки во Џудо во Загреб, Хрватска,каде има 773 натпреварувачи од кои 270 жени, од 34 земји, од светот. Во составот на Македонската репрезентација е и прилпченката, Теодора Димеска членка на Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп, во категоријата до 48 килограми.

Согласно рокот во оваа тежинска категорија се пријавени вкупно 42 џудистики па според тоа се очекаваат високо квалитетни борби. Денска ќе бидат познат  и распоредот за борби на Димеска.

Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп се надева дека Димеска пред се ќе презентира квалитетно џудо и се надева на евентуален пласман на ова големо натпреварување. Во составот на селекцијата се уште неколку репрезентатвици од различни клубови од нашата држава а исто така ќе имаме претставник во судиската организација, тоа е Г-ин Томе Јосифоски (Интернационален Судија) и претседател на судиската комисија при Џудо Федерацијата на Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: