ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(видео)Човечкиот фактор причина за пожари во прилепско

535

Пожарите во прилепско локализирани,но се суште под контрола на ТППЕ- Прилеп

https://www.facebook.com/Monika.M.Taleska/videos/10214052533492770/UzpfSTI2MTg0ODIzNzYyNjY0MTo1NzMxOTA4MTY0OTIzODA/

Пожарот во атарот на с. Дабница, кој избувна вечра попладене  во 12,оо ч. веќе е локализиран. Гореше борова шума ,смрека и ниско стеблеста шумаа.Во опсност беа ставени и објектите,викенд куќичките  кој се наоѓаат во тој дел. Од ТППЕ-Прилеп вчера апелираа до сопствениците на викенд куќите да се вклучат во заштита на своите објекти и да го спречат ширењето на пожарот. Од пожарот кој беснееше неколу часа се зафати околу  3 хектари површина, но благодарение на брзата интервенција на ТППЕ  -Прилеп, со помош на екипи од Македонски шуми „Црн Бор“ – Прилеп,  пожарот е ставен во котрола ,а викенд населбата не е зафатена од пламените јазици

Паралелно со овој пожар, во атарот на с.Штавица,кај месноста „Марулски уши“ и во атарот на с. Зрзе, исто така избувна пожар, попладнето

Пожарот кај  с.Зрзе (кој избувна во 15.оо ч и е локализиран кај 20.40 ч) е над манстирот, но нема опасност да биде загрозен манстирскиот комплекс.Пожарот поради не пристапност на теренот, се уште е во можна фаза на активност ,па токму поради тоа,утрово од 4,оо ч. екипите на ТППЕ-Прилеп се на терен за да ја следат ситуацијата.

Пожар има и во с Стровија, Општина Долени ,каде две екипи од ТППЕ се на терен.

„Шумские пожари, кои деновиве се појави на територијата на Општина Прилеп, се намерно предизвикани.Причинител е човечки фактор, зашто нема природни причина за нивно појавување во овој временски период“  –  вели командирот од ТППЕ- Прилеп, Виктор Стојчески  и неговиот помошник Методија  Николоски.Тие апелира до граѓантие  кои се движат во шума да внимаваат, зашто пожарите во ризик ги ставаат и шумите,  и човекот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: