ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

До каде е изградбата на фекалната канализација во с. Норово?

454

Во с. Норово во тек се активностите од прва фаза за изградба на фекална канализација. Изградбатбаата на фекалната канализација во сeлото,кое е во општина Крушево,  започа во средината на ноември, минатата година,  и се очекува да биде завршена во првата половина од 2020 година. Средства се од  Европска инвестициона банка, 10 972 424 ден., а проектот е имплементиран од Општина Крушево и Министерството за транспорт и врски.

„Продолжуваме со активностите и во градот и во населените места. Со години во овие села не се градело ништо и беше поим да се имплементира вака голем проект. Но, работиме и на други  проекти кои ќе продолжиме да ги имплементираме се со цел  да  ги решаваме проблемите на житлите од населените места  “, изјави градоначалникот Христоски по посетата на Норово.

Општина Крушево минатата година  се пофали со  изработени проект за изградба на каналзиација во с. Алданци, а кон крајот на минтата година најави дека се изработуваат и проекти за фекална канализација за селата Борино, Јакреново, Саждево, Пресил, Врбоец и Св. Митрани. За овеи проекти општината планира да  аплицира за добивање финансиски седства, со надеж дека ќе дојде до нивна реализација , па и овие села ќе добијат канализација.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: