ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прв контролен натпревар на ФК Победа

502

Фудбалерите на Победа попладнево на теренот на Могилата го одиграа првиот контролен натпревар во подготвителниот период. Во дуелот со третолигашот „Напредок“ од Крушеани, екипата на Дарко Крстески забележа победа од 4-1 (2-0). Стрелци на головите беа Петар Симоноски, Стојанче Дунимаглоски, два гола на Христијан Каралиоски за Победа и  Мартин Никовиќ од пенал за Напредок.

Тренерот, Дарко Крстески во двете полувремиња изведе два различни состави. Во  прво полувреме играа:  Котевски, Наумоски, С.Спиркоски, Симоноски, Колески, Андреески, Дунимаглоски, Јошески, Ефремов, Митрески и Анастасовски. А, во второ полувреме настапија :  Столевски, Бунтески, Петроски, Симоноски, Димитриески, Кисески-Илиески, Дебрешлиоски, Ф.Спиркоски, Каралиоски, Ристески и Симјаноски.На денешниот меч не настапија Гешоски, Дамески и Димитриоски.

Наредниот, втор подготвителен натпревар, е во среда на 5 -ти февруари, со Кожуф во Прилеп.

Извор: www.gol.mk

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: