ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

До каде е изградбата на резервоарот за вода во с. Белушино?

530

До каде е изградбата на резервоар за пивка вода во с. Белушино, општина Крушево?! Од општината велат дека изградбата на резервоарот за вода сега е во напредна фаза. Проект започна да се реализира во мај, 2020 г. и треба да обезбеди доволно вода за пиење на шеесетината жители во ова населено место, северно од Крушево, со цел да се реши нивниот децениски проблем со водоснабдувањето.

„Жителите на Белушино немаа други барања освен овој резервоар чија изградба и ставање во функција еднаш за секогаш ќе го регулира водоснабдувањето.“ -изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Проектот чини 2 601 900 денари и се реализира во рамки на програмата за работа на Министерството за транспорт и врски.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе