ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Триумф на Прилеп. Второ полувреме секоја минута гол во мрежата на Младост

962

Ракометарите на Прилеп одиграа максимално пожртвувано на свој терен со Младост од Богданци,  во рамките на четвртото коло од Машката супер ракометна лига .

Задржувајќи го победничкиот дух од петокот, со освојувањето на бодовите во Скопје против Работнички , РК Прилеп , не пропушти на свој терен да ја остварат својата втора победа и со високо водство да го заврши натпреварот, 41:32.

Тоа беше натпревар со две различни полувремиња . На почетокот на натпреварот избраниците на Горан Кузманоски покажа мала  несигурност во играта. Гостите први постигнаа гол и заводија во 4 -та минута со три гола разлика (3:6), но  домаќините успеаа да преземат иницијатива, изендачувајќи во 15-та минута, кога натпреварот продолжи да се игра, гол за гол. Играта се промени по тајм аутот на тренерот Кузманоски, па ракометарите на Прилеп со побрза транзиција во игратаа и неколку полуконтри, го завршија полувремето со 14 : 11 , во нивна корист.

РК Прилеп на полувреме ги консолидираа своите редови. Излегоа посамоуверенот и со брзи контри, одлични одбрани на голманите направија резултатски пресврт. Дека играта се играше брзо и динамично говорат и 27-те гола, т.р во секоја минута гол, во второто полуврме кои ги дадоа ракометарите на Прилеп и ја полнеа брзо мрежата на Младост, па резултатот на крајот од натпреварот заврши 41:32 во корист а РК Прилеп. Поволната резултатска предност му овозможи на Горан Кузманоски, да им даде шанса и на помладите играчи, кои понесени од играта на првотимците, одговорија на довербата која им ја даде Кузманоски.

Во редовите на РК Прилеп фантастични беа Андоновски со осум и Шокоски со седум гола, а солиден настап имаа и Рустамов и Бикоски со по пет постигнати гола. Кај Младост , прв стрелец беше Стоилов со 12, а по пет голови запишаа Димитров и Лупашко.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе