ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

До кога тутунарите ќе ги чекаат парите од 5 тиот пакет?

715

Трпеливоста на тутунарите е при крај во врска со ветената државна помош во рамките на 5 тиот анти ковид пакет. Денеска со отворено писмо до надлежните институции се обрати Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија:
“Почитуван Министер, Претседател на собрание и директор на платежна агенција:
Дали сте свесни дека започна школската година, треба ли и ние на нашите деца да им купиме нова облека, ташни, книги, школски прибор, таблет компјутери, за следење на наставата по новата образовна програма која ја наметнува министерката Царовска. Треба ли нашите дечиња да се срамат од своите другарчиња, на кои нивните родители, за среќа, не се земјоделци или тутунари, па на време им ги обезбедиле овие помагала.Тие се срамат од своите врсници како дечиња од друга класа, а пак ние се срамиме пред своите деца, зошто сме немоќни како родители да им обезбедиме подобар живот и подобри услови. Овој срам и немоќ кој ни го предизвикувате вие со вашата ненаситност, некадарност и безобзирност ќе ви се удри од глава.
И затоа: министре Хоџа, предложивте ли нов закон на веќе изгласаниот од април месец?
Господине Џафери, ако ви предложил министерот нов закон на веќе изгласаниот, дали мислите да го ставите на гласање во догледно време или повторно ќе си ја префрлате топката?
Господине Бачовски ако се исполнети сите услови зошто сеуште не сте извршиле исплата?
Колку време ви треба за пресметување на 3 денари за втора класа и по 16 денари за трета и четврта класа?
Тутунарите од април месец ги чекаат овие одговори.
Ќе прашам повторно толку ли е тешко да се дадат 5 милиони евра за тутунарите?”, прашува Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.
.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: