ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Добра вест!Во Прилеп нема заболени од мали сипаници

514

Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мали сипаници на територија на градот Скопје поради 12 нови случаи,за два дена. Меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите се невакцинирани лица од МРП-вакцината, а од денска стапува во сила и привремена мерка забрана за носење на сите невакцинирани деца од МРП-вакцината во градинките на подрачјето на градот Скопје Оваа ситуација,реагираат епидемиолозите, се должи на  кампања против вакцина.

Во Прилеп и на територијата на Прилеп,  добра вест, од  ЦЈЗ -Прилеп, Епидемолозите информираат дека не е регистриран ниту еден случај на заболени од  морбили или мали сипаници во Прилеп. Регистриани се не вакцинирани лица, што загрижува, но токму, денеска од ЦЈЗ-Прилеп ќе извршат повторна контролата во вакциналните пунктови во градот, за да  направат проверка, кој лица не ја почитуваат листата за имунизација.

Инаку,законот предвидува парични казни од 350 до 650 евра за родители и старатели кои нема да ги вакцинираат децата, но досега нема регистрирани казни. Во Македонија се врши имунизација од мали сипаници, од 1972 година.Неколку годин наназад одредени лица  водат антивакциналната кампања

Морбилите се заразна и опасна болест која може да предизвика тешко запаление на белите дробови и тешко оштетување на централниот нервен систем. Болеста лесно се пренева во воздушен пат преку кашлица и кифање на инфицирани лица, или пеку контакт преку плунка или назален секрт .Заштита во развиените земји се врши преку вакцинирање на деца со две дози,на 18-сет месечна возраст и меѓу четвртата и петтата годинаа лицата кој прележале мали сипаници се здобиваат со траен имунитет, кој ги штити во текот на нивниот живот

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе