ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Долга Година е новиот хит на прилепскиот јутјубер Влатко19(Видео+Фото)

1.042

Ново освежување доби јутјуберската сцена , со видео записот на прилепскиот јутјубер Влатко 19 кој го означи и стартот на новата учебна година со неговиот втор музички хит. Песната е во ритам препознатлив за јутјуберската публика во која е претставено денешното секојдневие на учениците. Еден од најмладите јутјубери во земјава се погрижи да ни ги долови сите моменти со кои се соочуваат неговите врсници а сето тоа пренесено во музички хит кој веруваме дека ќе се слуша и потпевнува.

Сакам да се забавувам и кога правам видеа , и кога стримам , кога е време за “game” а слободното време го користам максимално за други нешта кои ме исполнуваат. Со мојот брат испеавме една ваква песничка која е во ритам препознатлив за младите. Верувам дека на сите ќе има се допадне ДОЛГА ГОДИНА , која е е во тренд со ова денешно време. На сите мои врсници му посакувам среќа во новата учебна година , вели Влатко кој продолжува со неговото хоби , и ни најави уште многу вакви музички изненадувања

Неговиот втор видео запис може да го погледнете подолу во видеото и секако малку расположете се а може и да запеете , лесно се паметат стиховите во оваа негова песна.Невогово првенче привлече огромен интерес на социјалните мрежа а сигурно и ова музичко дело ќе го пеат генерации и генерации. Само напред Влатко !!!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: