ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Долгоногите патници долетаа, што можеме да научиме од нив?

1.014

Штрковите кои се заштитен знак на цела Пелагонија, долетаа и ја донесоа пролетта. Но, не само што тие го најавуваат најпосакуваното годишно време, за штрковите има повеќе интересни факти:
Овие долгоноги мирољубиви птици населуваат исклучиво еколошки чисти средини, што значи доколку видите штрк во вашата средина тоа е показател дека локалитетот е здрав и чист.
За разлика од повеќето други птици, мажјакот и женката штрк остануваат заедно цел живот. Откако ќе ја поминат зимата во потоплите предели, повеќето штркови се враќаат година по година, со децении во истото гнездо што пред тоа го користеле.
Инстинктивното однесување на штркот ја илустрира лојалноста и на други извонредни начини. И мажјакот и женката лежат на јајцата и ги хранат пиленцата. Книгата Our Magnificent Wildlife (Нашите величествени диви животни) објаснува:

„Како родители, штрковите се особено верни. Еден штрк мажјак во Германија влетал во жици со висок напон и умрел од електричен удар. Неговата партнерка продолжила 3 дена сама да лежи на јајцата, напуштајќи го само еднаш гнездото на кратко за да побара храна . . . Во друг случај, кога женката била убиена, таткото ги одгледувал младите“.

Штрковите на есен се селат во Африка и Индија каде што презимуваат. За време на селидбата често едрат на топли воздушни струи (термали). Голема опасност за овој вид, како и за сите мочуришни птици, претставува сушењето на мочуриштата и големата употреба на пестициди.
Според националниот цензус на штркови на Македонското еколошко друштво, во 2015 година беа избројани 28 активни гнезда.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: