ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Донација од аптеките „Вива фарм 2005“ за ФК Младост 1930

1.222

Фудбалерите на ФК „Младост 1930“ од Кривогаштани денеска добија комплет опрема за обавување на тренинзи во зимски услови. Големиот пријател на спортот и фудбалот Александар Желчески со аптеките „Вива фарм 2005“ несебично донираше комлети шушкавци и со тоа го помогна развојот на фудбалот во ова населено место.
– Се надевам дека оваа донација е само почеток на нашата соработка која планираме да биде на долгорочни патеки. Бизнис секторот и спортот се на иста страна – и затоа треба да си помагаат, истакна Александар Желчески, сопственик на аптеките „Вива фарм 2005“ од кои едната е лоцирана во Прилеп, а другата во Кривогаштани.
За спортските клубови, особено оние од пониските рангови на натпреварување секогаш се добредојдени донации и спонзорства во опрема и финансиски средства.
– Во името на ФК „Младост 1930“ упатувам голема благодарност до фирмата „Вива фарм 2005“. Оваа помош е добредојдена за фудбалерите, а се надевам дека ќе помогне да привлечеме и други поддржувачи на спортот, рече при врачувањето на спортската опрема Дејан Паскоски, член на управниот одбор на клубот.
Спонзорството се состои во 12 комплети шушкавци наменети за тренинзи и подготовки во посебни услови. ФК „Младост 1930“ од Кривогаштани се натпреварува во Третата македонска лига и есенскиот дел од првенството го заврши на средина од табелата. Целта на раководството на клубот е повисок пласман пролетва. Инаку, во овој ранг на натпреварување, почеток на пролетната сезона закажан за в недела 4 март, ФФМ го пролонгира поради студениот бран и лошите временски услови.

Фотографии:  Продукција „Бозаро“

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: