ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата

602

Во Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп денеска Асоцијацијата за неформална едукација на Роми „Ромска Солза“ – Прилеп одржа промоција на видео запис реализиран во рамките на проектот “Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата“.
Видео записот има за цел да прикаже сведоштва на жртви – Роми кои биле жртви на дискриминација, како и ставовите и гледиштата и на приватните локали и на Општина Прилеп по тоа прашање. проектот Преку интегрирано делување до намалување на дискриминацијата е при самиот крај, во рамките на овој проект се подготвија и публикации, односно брушура во која е внесен и Законот за заштита од дискриминација како и промотивен флаер кој што е дистрибуиран до жителите од населбата Трузла. Исто така во рамките на овој проект се поднесоа и претставки до државните институции во кои што се содржани реалните настани на жртвите кои што веќе биле дискриминирани од страна на приватните локали, вели Киршан Мамудоски, извршен директор на АНЕР „Ромска солза“ – Прилеп.
Локалната власт се залага да ги воспостави европските вредности во заедницата, заедно со сите надлежности кои ги има општината заедно со градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, потенцираше Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.
– Преземаме најразлични мерки кои што одат во правец на борбата против дискриминацијата, без оглед на расна, верска, полова или на пак на политичка припадност. Ние како Совет и како локална самоуправа преземаме голем број на мерки се со цел да го вратиме животот во Прилеп во делот на вклучување на општествениот живот на сите граѓани на Општина Прилеп, а особено на жителите на Општина Тризла 2. Правиме се да го подобриме животот на граѓаните кои живеат во таа населба со оглед на тоа дека тие соочуваат со голем број на проблеми од инфраструктурен, комунален, социјален и едукативен карактер. Ние како Совет прва мерка која што ја презедовме ја подобривме електрификацијата во населбата Три багреми, со потпишувањето на договор со ЕВН за изградба на трафостаница, но и ја проширивме трасата на движење на јавниот градски превоз за учениците и жителите од таа населба, потенцираше Талевски.

Целта на проектот е институционална борба против дискриминацијата. Проектот е поддржан од Цивика мобилитас.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе